• Почетна
  • За RCF
    • Кои сме ние
    • Нашата улога
    • RCF во бројки
  • Апликација за грант
    • Повици и крајни рокови
    • Кој може да аплицира
    • Процесот на аплицирање
    • Важни документи и водичи
    • Распоред на активности за информации преку Интернет
    • Добитници на грантови
  • Вести
    • Вести за RCF и TCOO
    • RCT во медиумите
  • Набавки
    • Набавки и тендери
    • Предрегистрација
  • Контакт
Поднесување апликација
  • Билтен
  • FAQ
Facebook Linkedin Instagram Youtube

rcf logo
  • Почетна
  • За RCF
    • Кои сме ние
    • Нашата улога
    • RCF во бројки
  • Апликација за грант
    • Повици и крајни рокови
    • Кој може да аплицира
    • Процесот на аплицирање
    • Важни документи и водичи
    • Распоред на активности за информации преку Интернет
    • Добитници на грантови
  • Вести
    • Вести за RCF и TCOO
    • RCT во медиумите
  • Набавки
    • Набавки и тендери
    • Предрегистрација
  • Контакт
Menu
  • Почетна
  • За RCF
    • Кои сме ние
    • Нашата улога
    • RCF во бројки
  • Апликација за грант
    • Повици и крајни рокови
    • Кој може да аплицира
    • Процесот на аплицирање
    • Важни документи и водичи
    • Распоред на активности за информации преку Интернет
    • Добитници на грантови
  • Вести
    • Вести за RCF и TCOO
    • RCT во медиумите
  • Набавки
    • Набавки и тендери
    • Предрегистрација
  • Контакт
Поднесување апликација
  • Билтен
  • FAQ
Facebook Linkedin Instagram Youtube

rcf logo
  • Почетна
  • За RCF
    • Кои сме ние
    • Нашата улога
    • RCF во бројки
  • Апликација за грант
    • Повици и крајни рокови
    • Кој може да аплицира
    • Процесот на аплицирање
    • Важни документи и водичи
    • Распоред на активности за информации преку Интернет
    • Добитници на грантови
  • Вести
    • Вести за RCF и TCOO
    • RCT во медиумите
  • Набавки
    • Набавки и тендери
    • Предрегистрација
  • Контакт
Menu
  • Почетна
  • За RCF
    • Кои сме ние
    • Нашата улога
    • RCF во бројки
  • Апликација за грант
    • Повици и крајни рокови
    • Кој може да аплицира
    • Процесот на аплицирање
    • Важни документи и водичи
    • Распоред на активности за информации преку Интернет
    • Добитници на грантови
  • Вести
    • Вести за RCF и TCOO
    • RCT во медиумите
  • Набавки
    • Набавки и тендери
    • Предрегистрација
  • Контакт

РЦФ доделува 495.350 евра за Северна Македонија на четвртата церемонија за грантови

By Eklektika 
четвртата церемонија за грантови на Северна Македонија

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) денеска ја одржа својата четврта национална церемонија за доделување грантови во Северна Македонија, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија во Скопје. Настанот ги обедини националните и меѓународните партнери, а на него присуствуваа претставници на институциите, бизнис-лидери, едукатори и претставници на РЦФ.

Овој настан беше можност да им се оддаде признание на луѓето и партнерствата што ја обликуваат иднината на професионалните вештини во Северна Македонија. Г. Азески, претседател на Комората, го следеше развојот на партнерствата на RCF низ целиот пејзаж на стручното образование и обука во земјата.

„Денеска сакам да се заблагодарам на претставниците на Амбасадите коишто се тука и на заедницата на Коморскиот инвестициски форум. Јас можам да кажам дека Коморскиот инвестициски форум ја смени целокупната слика во нашите размислувања. Мислам дека направивме многу за развој на бизнисот на Западниот Балкан. Најмногу на нашето поврзување и заеднички настап пред трети пазари, коишто го поттикнаа вработувањето на компаниите во сопствениот развој“ – г. Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Низ четири отворени повици, РЦФ додели вкупно 7,63 милиони евра за 17 проекти во Северна Македонија, вклучувајќи 91 партнерска компанија заедно со установите за стручно образование.

Само четвртиот повик привлече 187 изрази на интерес од целиот Западен Балкан, од кои 14 беа од Северна Македонија. По конкурентниот процес на селекција, еден проект доби грант во износ од 495.350 евра. Финансирањето ќе поддржи надградба на инфраструктурата за обука во избраната установа за стручно образование и обука, и проширување на нејзината програма за кооперативна обука.

Покрај финансиските придонеси, Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, се осврна на подлабоката мисија на Регионалниот фонд за предизвици – да негува вештини кои ќе осигурат дека Западен Балкан ќе остане витален и отпорен дел од европското семејство:

„Мораме да ги зајакнеме локалните економии, да инвестираме во вештини и да градиме синџири на снабдување кои се помалку ранливи на глобални нарушувања. Како Германија, заедно со Швајцарија, горди сме што го поддржуваме ова партнерство. Им благодарам на сите наши партнери за нивната силна посветеност. Заедно градиме посилна Европа.“ – г-ѓа Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.

Г-ѓа Михал Харари, заменик-шеф на мисијата на Швајцарската амбасада, укажа на пошироката амбиција зад швајцарскиот придонес во Фондот – не само во инфраструктурата, туку и во видот на соработка помеѓу училиштата и работодавците што на младите им дава вистинско место на пазарот на труд.

„Соработката меѓу образовните институции и приватниот сектор им овозможува на младите да стекнат вештини што се усогласени со потребите на компаниите, отворајќи им пристап до поквалитетни работни места и создавајќи поконкурентен приватен сектор со квалификувана работна сила. Швајцарија останува посветена на соработката со Северна Македонија во оваа насока “ – г-ѓа Михал Харари, заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Церемонијата исто така го истакна усогласувањето на РЦФ со националните приоритети за реформи во образованието. Г-ѓа Весна Јаневска, министерка за образование и наука на Северна Македонија, се залага за поцврсти врски меѓу формалните системи за стручно образование и обука и приватниот сектор.

„Учениците ја препознаа вредноста да влезат на пазарот на труд или во високото образование подготвени, не само со теоретско, туку и со практично знаење. Затоа и бројот на ученици во дуалните паралелки во средните стручни училишта од година во година е сѐ поголем. Им благодарам и на германската и на швајцарската амбасада што се промени перцепцијата за средните стручни училишта“– г-ѓа Весна Јаневска, министерка за образование и наука на Северна Македонија.

Истакнувајќи ја трајната вредност на професионалното мајсторство, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово, потенцираше зошто човечката вештина останува крајната конкурентска предност во ерата на вештачката интелигенција (AI):

„Влегуваме во ера обликувана од брзи технолошки промени, вклучувајќи го и подемот на вештачката интелигенција. Мислам дека во овој развој вештите работници остануваат не само релевантни, туку и неопходни. Иако вештачката интелигенција ја подобрува ефикасноста, таа не може да го замени практичното искуство, практичното расудување и човечката приспособливост во реални услови. Вештачката интелигенција сè повеќе ќе служи како алатка за поддршка на таквата работа, но нема да ја замени.“ – г-дин Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово.

На затворањето на настанот беше испратена јасна порака: вистинските промени се случуваат преку соработка. Со секое ново партнерство што го поддржува, Регионалниот фонд за предизвици помага во создавањето работна сила која е подобро подготвена, поадаптибилна и поблиску усогласена со потребите на економијата – создавајќи трајни можности и за бизнисите и за следните генерации.

За Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ):

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиска институција која има за цел зголемување на  конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан 6 преку финансирање инвестиции во опрема и  инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.

Германското сојузно министерство за економска соработка и развој додели 83,4 милиони евра на РЦФ, а швајцарската влада застапувана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC)  кофинансираше дополнителни 10 милиони евра. Средствата беа доделени на kfW Развојната банка, а реализирани од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6 (ЗБ6–КИФ), како заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот. Фондот е имплементиран од страна на консталтинг конзорциуми.

  • Facebook
  • Linkedin
  • Whatsapp
  • Email
PrevPreviousРегионалниот фонд за предизвици го објавува четвртиот повик за пријавување — Финансиска поддршка за зајакнување на вештините и зголемување на конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан

Регионалниот фонд за предизвици го објавува четвртиот повик за пријавување — Финансиска поддршка за зајакнување на вештините и зголемување на конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан
Previous Article

This error message is only visible to WordPress admins
Error: Invalid Feed ID.
RCF-лого.бела
Развиваме вештини
Трансформираме бизниси

За RCF

  • Ко сме ние
  • Нашата улога
  • RCF во бројки
  • RCF во медиумите
  • Вести за RCF и TCOO
  • Контакт

Ресурси

  • Повици и рокови
  • Кој може да аплицира
  • Процесот на аплицирање
  • Важни документи
  • Распоред на активности за информации преку Интернет
  • Добитници на грантови

Брзи врски

  • Набавки
  • Предрегистрација
  • Најчесто поставувани прашања
Пријавете се за билтенот
Facebook Linkedin Instagram Youtube

потрошувачка на планк
swisscontact
кпмг

© Авторски права 2025 од РФЦ / Сите права се задржани.

  • Жалби: info@rcf-wb6.org
  • Политика за приватност