Кои сме ние

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) ја поттикнува одржливата конкурентност на бизнисите во земјите на Западен Балкан 6 на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование  кое во соработка со претпријатијата треба да одговори  на потребите од одредени вештини.

Невработеноста на младите, во комбинација со недостаток на квалификувана работна сила кај претријатијата, ја отсликува економската ситуација во Западен Балкан. Оттаму, целта на Фондот е да ја зголеми вработливоста кај учениците од стручните училишта со зајакнување на пристапот за заедничка обука во шесте држави од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиски механизам дизајниран да ја зголеми вработливоста на младите и да ја зајакне конкурентноста на претпријатијата во економиите на Западен Балкан, преку финансирање инвестиции во избрани проекти на кооперативна обука имплементирани од установи за стручно образование и обука, во партнерства со претпријатија. Германското федерално министерство за економска соработка и развој намени 64,43 милиони евра за РЦФ, а Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), вложи дополнителни 10 милиони еври. Средствата се доделени на Германската развојна банка (KfW), а проектот се спроведува од Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на Стопанските комори од регионот.

Германската банка за развој (KfW)

Од своето основање во 1948, KfW (Германската развојна банка) останува верна на својата мисија за поддршка на промени и поттикнување на напредни идеи – во Германија, Европа и насекаде во светот. Проектите и програмите кои ги промовира KfW Германската развојна банка им се предлагаат на владите на партнер-државите со цел развојните стратегии и структури на односната држава да ја претставуваат основата на соработката.

Инвестицискиот форум на коморите од Западен Балкан 6 (WB6 CIF)

Фондот се извршува преку Western Balkans 6 Chamber Investment Forum (WB6 CIF), (Инвестицискиот форум на коморите од Западен Балкан 6) кој претставува заедничка иницијатива на стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Во 2017 година, коморите воспоставија платформа за соработка со цел заедничко застапување на бизнис заедницата во регионот, олеснување на контактите помеѓу бизнисите и унапредување на регионот како една инвестициска дестинација.

Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ)

Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) е агенција за меѓународна соработка, дел од Сојузното министерство за надворешни работи. СДЦ е одговорна за целокупната координација со останатите федерални власти за развојна соработка и соработка со Источна Европа, како и за хуманитарната помош испорачана од Швајцарската конфедерацијаВо рамките на соработката за економски развој, се вклучени активности кои водат кон подобрување на условите и зголемување на соработката со приватниот сектор. Поддршката на Швајцарија придонесува кон одржлив економски раст и просперитет.

This post is also available in: Англиски Албански Босанец Српски Црногорски