Воспоставување конзорциуми

Воспоставување конзорциуми

Програмата за поддршка преку грантови на RCF е наменета да ја зајакне заедничката соработка, а со тоа и да се подобри квалитетот и важноста на вработувањето со мерките за стручна обука. За таа цел, RCF го поддржува воспоставувањето на конзорциуми помеѓу  училиштата и претпријатијата за имплементација на заеднички програми за обука преку Договори за соработка. За да се подобни, проектните партнери мора да се подготвени да учествуваа во заеднички активности за обука со цел квалификување на практикантите врз основа на стандарди на квалификации и/или занимања кои соодветствуваат на побарувањата на пазарот на трудот.

Конзорциумите треба да се воспоставени од страна на јавни или приватни (вклучително и непрофитабилни) установи за стручна обука кои нудат државно признати („акредитирани“) стручни програми за обука кои водат кон официјално признаени квалификации кои се во согласност со регулативите од управите за национални квалификации или нивни еквиваленти, како и претпријатија вклучени во соработката (вклучително и МСП). Примателите на финансиската поддршка од RCF се установи за стручна обука како водечки партнери за заедничкиот конзорциум за обука. Партнерските претпријатија не може да добијат директна финансиска поддршка како дел од RCF финансирањето.

Од конзорциумите за СОО се очекува да ги кофинансираат проектите за заедничка обука со соодветен свој придонес од најмалку 10% од вкупната побарана сума за финансирање. Придонесот може да биде финансиски и/или материјален (in-kind) и може да покрива оперативни активности и/или инвестициски трошоци, и истиот може да го обезбедат установите и/или претпријатијата или пак заедно, установите за стручна обука и претпријатијата.

Установи за стручна обука (УСО)

RCF е отворен за сите организации и институции кои се занимаваат со техничка и стручна обука и кои издаваат уверение за нивните курсеви за обука и/или кои се признаени во која било од шесте држави од Западен Балкан.

Со оглед на фактот што една од главните цели на RCF е осврнување кон практичниот аспект на стручното образование, а со тоа и зголемување на релевантноста на стручната обука за претпријатијата, примарната цел на програмата се установите за стручна обука кои се занимаваат или кои се подготвени да се занимаваат со заеднички активности за обука (ве молиме погледнете го прирачникот за заедничка обука на RCF за детален преглед на концептот за заедничка обука).

Претпријатија

Претпријатијата кои пристапуваат кон конзорциумите за заедничка обука финансирани од страна на RCF ќе имаат идентификувано инвестициско и активно залагање во градењето капацитети и развој на персоналот како една од нивните стратешки цели. Претпријатијата кои се пријавиле можеби веќе имаат стекнато одредено искуство со иницијативи за заедничка обука или донеле одлука да учествуваат во нив, се залагаат за поддршка на реализирањето на заедничката обука или пак се подготвени да интегрираат елементи од практичното образование во нивните работни процеси. Овие аспекти имаат централна улога во проценката на проектните предлози поднесени од страна на конзорциумите. Покрај ова, од претпријатијата кои учествуваат се бара да: 

Подобни проекти

Покрај вклученоста на претпријатија и училишта за СОО, како и постојаната потврда на потребите од обука, квалитетот и ефективноста на програмите за заедничка обука зависат од достапноста на соодветни обучувачки капацитети во училиштата за СОО. Со одржувањето на соодветни работилници за обука, со достапноста на релевантната опрема и машинерија, како и со постојаното користење на овие капацитети од страна на наставниците и практикантите се гарантира дека вештините стекнати за време на практичното учење внатре во компаниите придонесуваат кон севкупните резултати од учењето. Целта на RCF е да овозможи вакви инвестиции во вид на нови набавки, изградба или реновирање, а со тоа и јакнење на практичните аспекти на курсевите за обуки. Следствено на ова, додадената вредност на практикантите за партнерските претпријатијата ќе се зголеми и ќе се подобри нивната вработливост на локалниот пазар на трудот. Иако ова не е предуслов, RCF силно ги охрабрува проектните предлози со кои се предвидува воведување на нови технологии. 

Покрај ова, проектните апликации треба да се во сообразност со следниве критериуми:

Неподобни активности

This post is also available in: Англиски Албански Босанец Српски Црногорски