Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) со задоволство ги објавува добитните апликации од Третиот повик на грантовата програма, a со тоа наградувајќи ги установите за кооперативно стручно образование и обука кои водат кон национално признаени сертификати дизајнирани во соработка помеѓу компаниите и установите за стручно образование и обука. Се избраа вкупно 35 проекти за финансирање, а РЦФ одвои 16,8 милиони евра за нивна имплементација.
За време на Третиот повик за изразување на интерес кој траеше од 22 мај до 7 јули 2023, РЦФ прими 155 апликации од конзорциуми составени од установи за стручно образование и обука и претпријатија од економиите на Западен Балкан. Во согласност со претходно дефинираните критериуми на подобност и достапните средства за финансирање, се направи тесен избор на 82 издржани апликации кои продолжија кон завршната фаза.
Ви ги претставуваме конечните 35 добитни проекти кои ќе го предводат патот кон иновативни програми за стручно образование и обука ширум регионот, а со тоа поттикнувајќи ја конкурентноста на компаниите на нивниот пат кон единствениот пазар на Европската унија.
Конзорциумите чии проекти не влегоа во изборот, се охрабруваат да ги следат следните повици и повторно да се пријават со изменети и подобрени предлози.