Подобни конзорциуми од установи за стручна обука и претпријатија заинтересирани за финансирачки инвестиции во опрема и инфраструктура за субјекти кои нудат СОО и кои се занимаваат или кои планираат да се занимаваат со заедничка обука се поканети да го следат распоредот на Отворени повици за изразување на интерес и Отворените повици за проектни предлози. Ве молиме имајте предвид дека апликациите кои се испратени пред наведениот временски период за отворените повици и по наведените крајни рокови нема да се разгледуваат. Процесот на аплицирање се спроведува целосно онлајн преку виртуелната платформа на RCF.
Процесот на аплицирање и селекција се спроведува со пристап кој опфаќа два стадиума. Во првиот стадиум, секој еден заинтересиран и подобен конзорциум изразува интерес со поднесување на Изразување на интерес. За време на процесот на оценување на Изразувањето на интерес, се проверува формалната подобност (дали апликацијата е примена во рамките на утврдениот краен рок, дали обезбедените информации се точни, дали партнерите од конзорциумот се застапени само еднаш по повик и немаат добиено повеќе од едно финансирање во претходни повици, итн.). Потоа, стручњаците за избор ги оценуваат предлозите врз основа на претходно утврдени критериуми за подобност. Доколку дадено Изразување на интерес се прифати, апликантот се поканува да аплицира за даден грант и да поднесе сеопфатен проектен предлог во временски период од 60 дена по добивањето на известувањето за прифаќањето на нивното Изразување на интерес.
Првенствено се проверува проектниот предлог наспрема формалните критериуми (дали апликацијата е целосна, дали се поднесени сите неопходни документи, итн.). Во вториот стадиум од процесот на оценување, трите стручњаци за селекција од групата на меѓународни стручњаци за СОО, поединечно и независно ги оценуваат проектните предлози врз основа на критериумите кои се однесуваат на концептот, амбицијата и изводливоста на проектниот предлог. Проверете овде за детално објаснување на критериумите за подобност. По одобрувањето на предлогот, се договара и склучува договор за финансирање помеѓу RCF и пред-селектираниот конзорциум за СОО, предводен од страна на установи за стручна обука во својство на главни корисници.
Повторното поднесување на неуспешните апликации е можно со одредени ограничувања. Односниот конзорциум има право повторно да поднесе изменет предлог (Втор обид) на претстојниот повик на RCF или до пропишан краен рок. Третите обиди за поднесување на изменета верзија на првичниот предлог нема да се земаат предвид
Севкупниот процес на аплицирање за грантот и селекцијата се состои од следниве елементи:
Овде може да ги преземете обрасците од пакетот со документи за аплицирање на RCF:
За информативни цели:
Документите од претходниот дел се изнесени единствено за информативни и илустративни цели. Откако ќе се регистрираат на платформата, апликантите треба да ги пополнат формуларите кои се достапни олајн.
ГЛЕДАЈТЕ УПАТСТВА ЗА АПЛИКАЦИЈА
© Авторски права 2025 од РФЦ / Сите права се задржани.
Please be informed that the address for the submission of tenders to the Fund Management Unit has changed.
As of 9 February 2026, all tenders and related procurement submissions shall be delivered to the following address:
Western Balkans 6 Chamber Investment Forum
Represented by the Fund Management Unit of the Regional Challenge Fund
Dalmatinska Street No. 14
1st Floor, Apartment No. 2
81000 Podgorica, Montenegro
Thank you!
Regional Challenge Fund